Прилепски „Микросам“ нуди соработка со француската вселенска индустрија

Bez autora
Mar 25 2014

Потребна е поголема промоција на македонското стопанство во Франција, со цел наоѓање партнери за домашните компании и зголемување на извозот, со што ќе се намали постојаниот дефицит на македонска страна во размената. Предлози за подобрување на економската соработка и зголемување на размената беа изнесени на вчерашната средба на домашни бизнисмени со амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер. Kонкретни предлози претставија компанијата „Микросам“, заинтересирана за соработка со француски компании и за пласман на производи во авионската и вселенската индустрија, и фабриката за кондиторски производи „Европа“ за производство под приватна марка со што би се поврзале со големите ланци маркети во Франција. Интерес за извоз има и од крзнарата „Димко Митрев“, а од „Стилкон“ пк побараа партнери за изработка на челични конструкции.

Прилепски „Микросам“ нуди соработка со француската вселенска индустријаПотребна е поголема промоција на македонското стопанство во Франција, со цел наоѓање партнери за домашните компании и зголемување на извозот, со што ќе се намали постојаниот дефицит на македонска страна во размената. Предлози за подобрување на економската соработка и зголемување на размената беа изнесени на вчерашната средба на домашни бизнисмени со амбасадорката на Франција во Македонија, Лоренс Оер.

Kонкретни предлози претставија компанијата „Микросам“, заинтересирана за соработка со француски компании и за пласман на производи во авионската и вселенската индустрија, и фабриката за кондиторски производи „Европа“ за производство под приватна марка со што би се поврзале со големите ланци маркети во Франција. Интерес за извоз има и од крзнарата „Димко Митрев“, а од „Стилкон“ пк побараа партнери за изработка на челични конструкции.

Според претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, македонското стопанство не е промовирано во Франција на начин за да биде препознаено како таргетиран пазар што би се поддржал од француска страна со конкретни активности. За таа цел неопходна е и поголема маркетиншка и промотивна активност, рече Азески, истакнувајќи дека економската соработка и трговската размена помеѓу Македонија и Франција не се на нивото на можностите.

Резултатите од анкетата што ја презентира покажуваат интерес за соработка со Франција од македонски компании од металната и електроиндустријата, хемиската, дрвната, ИKТ... Бараат инвеститори застапници, кои би ја организирале продажбата на нивните производи во Франција и во ЕУ, како и придружување кон француските брендови и заедничко аплицирање за добивање пари преку европските фондови.

Француската амбасадорка Лоренс Оер најави дека амбасадата ќе помогне во поврзување на компаниите и организирање средби. Смета дека има простор за соработка во повеќе области, првенствено креативни индустрии, но и земјоделство и сточарство.

- Постои можност за соработка со текстилниот сектор, по којшто е препознатлива Македонија. Само во Штип има 80 текстилни претпријатија и увоз на полупроизводи и реекспортирање на дефинитивните текстилни производи. Тоа е сектор што постојано се развива во Македонија и за којшто би биле навистина заинтересирани за соработка, но и да ја донесеме француската умешност тука- рече Оер.

Франција, најави, ќе биде почесен гостин на манифестацијата Недела на дизајн во Скопје, во тек на која ќе се организираат средби на француски и македонски дизајнери.

- Не постои мала или голема земја која не поседува креативност, туку спротивно. Мала земја поседува и креативност и квалитет. Тука мислам на сите производи, и земјоделски, гастрономски, а исто така и на сите традиционални занаети. Тука во дрвната индустрија постои златен рудник, со огромно познавање кое се бара особено во Франција, без оглед дали станува збор за производство на мебел или рачно производство во текстилната индустрија - рече Оер, истакнувајќи дека преку проекти од креативните индустрии ќе и се овозможи на Македонија да се поврзе со европската креативна индустрија.

Таа смета дека има можности за соработка и во кинематографијата и производството на вино, а не го исклучува и автомобилскиот сектор.

- Долго сметавме дека овде ќе можеме да донесеме некоја автомобилска компанија. Имаше голема дискусија со потенцијален инвеститор со години. Продолжувам да мислам дека во тој сектор постои навистина голема можност, од сето тоа што значи нови технологии, кои ќе спречуваат емитување штетни гасови - наведе Оер.

Во прилог на подобрување на економската соработка треба да биде и директната авионска линија на релација Скопје - Париз, најавена за наредниот месец.

Размена од 120 милиони долари

Трговска размена на Македонија и Франција е со постојан дефицит на македонска страна. Лани достигна 120.521.368 долари, со извоз од 25 милиони долари, а увоз од 94 милиони долари. Иако во 2013 година има раст на извозот од 20,9 отсто дефицитот изнесува 69,1 долари, односно 3 проценти од вкупниот дефицит на Македонија со странство.

Директните странски инвестиции од Франција во Македонија во последните десет години изнесуваат 140 милиони евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik